2016-01-23 17:52:00

Папата: Чувајте се од љубоморното озборување


Папата Фрањо на празникот на света Агнеса девица и маченица, 21 јануари служеше света Литургија во домот Света Марта, а во проповедта зборуваше за љубомората и зависта. Нека Господ нè сочува – посака Папата – од тие грди гревови кои постојат и во нашите христијански заедници и кои го користат јазикот за да ги убијат другите.

Првото литургиско читање зборува за љубомората која Саул ја чувствувал кон Давид. По победата над Фелистеецот жените пееле: „Саул победи илјада, а Давид – десетици илјади.“ Од тој ден Саул започнал сомничаво да го гледа Давид, помислувал како би можел да го предаде и убие. Неговиот  син го одврќал од тоа, но тој сепак се враќа на своите зли планови. Љубомората – истакна Папата – е болест која се враќа и води до завист.

Грда работа е зависта. Тој став е грев кој е грд. А љубомората или зависта – објасни Папата – расте во срцето како плевел: расте, но не дава да растат добрите билки. Ја боли сè што ја засенува. Нема мир! Тоа е измачено, грдо срце. Води во убиство, смрт. Светото Писмо тоа јасно го кажува: Заради зависта на ѓаволот во светот влезе смртта.

Зависта убива – нагласи Светиот Отец – и не поднесува било кој друг да има нешто што јас немам. Срцето на човек завидлив или љубоморен секогаш страда. Тоа е стрдање кое сака смрт на другите. Колку пати – праша – во нашите заедници не треба многу да бараме за тоа да го видиме: љубомора која убива со јазикот. Некој завидува и започнува да озборува, а озборувањето убива – рече папата Фрањо.

Размислувајќи над овој дел од Писмото – рече – ве повикувам сите да го пребарате своето срце и да видите дали во него има љубомора или завист која секогаш води во смрт и нè не прави среќни. Таа болест секогаш води до тоа на доброто на другиот да гледаме како да е против нас. Тоа е грд грев и почеток на многу злосторства – рече Папата и поттикна: Да молиме Господ да ни даде милост да не го отвориме срцето за љубомора, да не го отвориме за зависта, затоа што тоа секогаш води до смрт.

Зависта – според толкувањето на Пилат кој бил многу паметен, но и кукавица – довело до смртта на Исус затоа што согледал дека првосвештениците и книжниците го предале од завист. Според зборовите на Папата таа била инструментот за неговата смрт. Заради тоа поттикна од Господ да молиме милост никогаш од завист да не ги предадеме во смрт братот или сестрата од парохијата, заедницата или соседството: секој има свои гревови, секој има свои крепости. Внимавајте добро да не убивате со љубоморно и озборување од завист – рече на крајот Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.