2016-01-23 17:35:00

Папата се заблагодари на службите за безбедност


Надворешниот ред, кој со внимание го надгледувате, помага и на внатрешниот ред, да проникнува смиреност и мир – истакна папата Фрањо за време на традиционалната аудиенција во понеделник 18 јануари 2015 година со службениците и инспекторатот за јавна безбедност на Ватикан.

Папата ја пофали работатата на безбедносните сили и ја истакна нивната професионалност и чувство за одговорност при гаранцијата на безбедност и мир, кои се потребни посебно на почетокот од Светата година.

Светиот Отец истакна дека оваа средба е уште повеќе важна, бидејќи се одржува во рамките на Светата година на милосрдието, по чиј повод во Рим пристигнаа веќе во првите денови од отворањето бројни поклоници од целиот свет. Папата истакна дека токму поради тоа, раководителите, службите и агентите на јавната безбедност се повикани на уште поголема одговорност, како славењата и случувањата во вонредната година на милосрдието би се одржале во мир и како би била корисна. Надворешниот ред, кој со внимание го надгледувате, помага и на внатрешниот ред, да проникнува смиреност и мир – истакна папата Фрањо.

Вашата служба е скапоцена – повтори папата Фрањо пред присутните потсети на јаслите кои се изложени на плоштадот Свети Петар и кои нѐ повикуваат по примерот на Господ во себе да го чуваме таинството кое го прославивме во божиќното време. Она Дете во јаслите е вистински утешител на срцата, вистинско светло кое го осветлува нашиот живот и ја победува темнината на гревот. Во него го видовме милосрдното лице на Бог Отецот и го прифативме повикот на љубов и простување.

Тоа духовно искуство нека нѐ придружува во текот на целата Света година – посака Папата. Јубилејот на милосрдието нека биде силно духовно време за сите луѓе, време за помирување со Бог и со браќата. На сите ни е потребно помирување. Сите имаме нешто со братот, во семејството, со пријателите... И токму ова време е за помирување, да се помириме со сите – рече Светиот Отец и се помоли за Божја заштита и ги вети своите молитви.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.