2016-01-12 11:51:00

Епископот Стојанов служеше Литургија во Гевгелија и Богданци


Неговото Високопреосвштенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 9 јануари 2016 година ја предводеше светата Архиерејска Литургија на празникот свети архиѓакон и првомаченик Стефан во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија со сослужение на о. Тома Ангелов и домашниот парох о. Димитар Ташев.

Во преполнета црква и со радост во срцата верниците го пречекаа својот пастир.

Во проповедта владиката до верниците го доближи животот и маченичката смрт смрт на свети Стефан.

Отец.Димитар Ташев во своето кратко обраќање се заблагодари на Господа Бога за преубавиот ден и заедничкото евхаристиско славење, истовремено заблагодарувајќи се и на владиката за добриот и поучен духовен збор, како и за татковската подршка во сите активност што ги прави парохијата околу бегалците и помошта на најпотребните во парохијата.

Претходно бискупот Стојанов служеше света Литургија во црквата „Свети Кирил и Методиј“ - Богданци.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.