2016-01-11 19:01:00

Парохискиот Каритас „Свети Иван Крстител“ во посета болните


Во пресрет на празник Рождество Христово Парохискиот Каритас при парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во вторник 5 јануари 2016 година на пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица донира бадникови пакети за сите пациенти од одделенијата.

За реазлизацијата на оваа парохиска активност о. Гоце Костов упати посебна благодарност до верниците од парохијата и сите оние кои донираа одредени производи за лицата во потреба, но и сите оние кои со своето време се ангажираа волонтерски во активностите. Својата благодарност ја упати и до ЈЗУ Општа болница Струмица со чија соработка се реализира оваа активност.

Ова акција на Црковниот одбор и волонтерите од Парохискиот Каритас која е насловена „Подари љубов“ се организира втора година. Во првата година беа посетени стари осамени и немоќни лица во нивните домови, додека оваа година акцијата се прошири и за пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.