2015-12-23 09:39:00

На папата Фрањо му е доделена наградата „Карло Велики“


На папата Фрањо му е доделена наградата Карло Велики која што градот Ахен секоја година го доделува на личноста која се истакнала во промовирањето на европските вредности.

Папата во Европа ја донесе пораката на надеж во момент на криза кој во втор план ги турна „сите достигнување во процесот на интеграција“.

На папата Фрањо му е доделена наградата Карло Велики која што градот Ахен секоја година го доделува на личноста која се истакнала во промовирањето на европските вредности. Папата во Европа ја донесе пораката на надеж во момент на криза кој во втор план ги турна „сите достигнување во процесот на интеграција“ – стои во образложението на доделената награда. Посебно се истакнати вложувањата на Папата во Стразбур во ноември минатата година. Папата е „гласот на совеста“ кој бара човекот да биде во центарот; тој е „извонреден морален авторитет“ – стои во образложението.

Осврнувајќи се на спомнатата награда во разговор за Радио Ватикан отец Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол рече дека папата Фрањо до сега никогаш не прифатил награда или одликување наменето за него. Сите ги изненадил прифаќајќи ја ова награда. Го прашав и ми одговори дека ова е награда за мир, а тој смета дека во време на големи опасности за мирот во светот многу е важно да се зборува – често зборуваше за Трета светска војна во делови – за мирот и да се поттикнува заземање за мир – рече патер Ломбарди додавајќи дека Папата оваа награда не ја смета за лично одликување, туку повод за нова порака за цела Европа да се заземе за мир, да гради мир на европскиот континент и да ја сфати својата мировна улога во светот.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.