2015-12-21 09:08:00

Неопходни крепости за служење во Римската Курија


Болестите и скандалите не можат да го прекријат ефикасното, преданото и одговорното служење на Римската Курија и целата Црква и тоа е првата утеха. Би била голема неправда – рече – да не изразам искрена благодарност и здрав поттик до сите луѓе кои во Куријата посветено работат и на Црквата и Петровиот наследник пружат утеха со својата солидарност и послушност како и со своите великодушни молитви.

Отпорите, тешкотиите и неуспесите – нагласи папата Фрањо – секогаш се можност за раст, а никогаш за обесхрабрување: можност за „враќање на важното“. Во тој дух Папата постави список „на потребни крепости“ за оние кои работат во Куријата и сакаат нивното служење во Црквата да биде плодно.

На прво место го наведе мисионерскиот дух нарекувајќи го причина и показател на плодноста на Куријата. Верата е дар, но мерката на нашата вера се покажува и во способноста на нејзиното пренесување. Здрав пасторален дух е незаменлива крепост за секој свештеник. Тие два духа се мерка за нашето свештеничко делување и делувањето во Куријата без кои не можеме да бидеме „слуги верни“ – рече Папата.

Како втор пар на крепости ги наведе практичност и увид. Првото вклучува лично настојување должноста да се извршува најдобро што се може и е спротивно на непотизмот и поткупот. Увидот пак значи подготвеност да се соочиш со различните ситуации на мудар и креативен начин.

На трето место ги наведе духвноста и човечноста. Според зборовите на Папата духовноста е камен темелник на целото служење во Црквата и христијанскиот живот, додека човечноста ја овоплотува вистинитоста на нашата вера и нè разликува од бесчувствителните машини. Кога ни е тешко сериозно плачеме или од срце се смееме, тогаш тоа е почеток на нашиот пад – рече папата Фрањо.

Потоа поттикна на примерност – за да се избегнат скандали кои ја рануваат душата и го загрозуваат сведоштвото – и на верност на сопственото посветување и звање. Како петти пар на крепости ја наведе разумноста која нè чува од емоционалните испади и срдечноста која нè заштитува од претерувања во бирократијата, програмите и планирањата.

Невиноста нè прави претпазливи во судовите, а одлучноста нè поттикнува на делување со цврста волја и јасна визија, послушни на Бог и врховниот закон на спасението на душата. Седмиот пар на списокот на Папата се љубовта и вистината. Љубовта без вистината ја нарече „идеологија на разорен бонизам“, а вистината без љубовта „слепо осудување.“

Чесноста и зрелоста се следните крепости. Чесен човек правилно работи и кога не е под надзор на управителот или поглаварот, не се плаши од изненадувања затоа што никогаш не го лаже оној кој на него се доверил. Никогаш не се однесува како да е господар на доверените работи. Зрелоста пак е согласност помеѓу физичките, менталните и духовните способности.

Почитувањето Папата го поврза со понизноста. Првата крепост ја дефинираше како квалитет кој го краси човекот кој секогаш се обидува искрено да ги почитува другите и да ја почитува нивната улога без разлика дали се надредени или подредени, како што настојува да ја почитува праксата, документите, доверливите и задржани информации. Понизноста е крепост на луѓето исполнети со Бог. Колку е поважни, толку стануваат посвесни е за својата ништожност и фактот дека ништо не можат без Божјите милости.

Бестрашност и подготвеност се доблести кои се спротивни на стравот од проблемите и поттикнуваат на храбро делување во слободата и на агилен начин без наврзаност на минливите и материјалните работи. Како последен пар Папата ги наведе доверливоста и трезвеноста. Доверлив е оној кој знае со серизност да ги почитува своите обврски и кога не е под надзор никогаш не ја издава дадената му доверба. Трезвеноста е способност да се откажеш од сè сувишно и да истраеш против провладувачкиот конзумизам.

Трезвеноста – како што објасни – значи да го гледаш светот со Божјите очи и од аспект на сиромашните. Трезвеноста е начин на живот кој го покажува првенството на другиот како – како што рече – „хиерархиско начело“ и сопствениот живот се става во служба на другите. Трезвен човек е доследен и мисли само на она што е важно затоа што е способен да живее со исправна мерка. На крајот на говорот поттикна милосрдието да ги води нашите дела, да ги вдахнува нашите реформи и просветлува нашите одлуки. Ние сме работници, а не господари, слуги, а не месии – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.