2015-12-10 09:51:00

Папата се помоли на Дева Марија, Мајка на милосрдието


По традиција, на секој 8 декември Папата принесува венец од цвеќиња пред статуата на Божјата мајка, која е подигната на плоштадот неколку години по прогласувањето на догмата за Безгрешното зачнување во 1854 година. Папата Фрањо го принесе венецот цвеќиња и измоли пред статуата, од него составена молитва во која моли од Божјата мајка застапување за семејствата, децата, младите, постарите и пред сè за болните и затворениците. Папата ѝ ја довери на Непорочна Дева Марија, Светата година на милосрдието која започнува од 8 декември.

Откако ги поздрави присутните верници, меѓу кои и многу деца и болни, Папата се упати кон базиликата Света Марија Велика каде се помоли пред иконата на Пресвета Богородица „Salus populi romani“ (Спасението за римскиот народ). Овој гест Папата Фрањо го повторува секој пат пред и по Апостолските патувања или друг важен црковен настан како знак на верата на Божјиот народ во Рим, кој во најтешките моменти низ вековите се обраќа кон оваа икона за да побара помош, заштита и спас од Божјата Мајка.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.