2015-12-09 16:12:00

Прославен патрониот празник „Свети Климент“ во Стојаково


На 8 декември 2015 година со света Литургија се прослави патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“ во Стојаково. На неа присуствуваа свештеници од Апостолскиот егзахрат во Македонија како и бројни вернци од Стојаково и околните парохии.

Со проповед до верниците им се обрати о. д-р Зоран И. Стојанов, декан и парох во Радово, кој го истакна значењето на отворањето на Светите врати во Ватикан и во катедралите во Македонија, како и Јубилејот на милосрдието. Потоа се надоврза на Евангелието за Добриот пастир.

По светата Литургија следуваше благослов на лебовите, а на потоа о. Тома Ангелов ги пренесе поздравите на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и се заблагодари на сите кои допринесоа за прославата на патрониот празник на црквата во Стојаково.

По завршувањето на светата Литургија во црковниот двор следуваше агапе и дружење организирано од верниците од Стојаково.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.