2015-12-09 14:03:00

Анимација за Светскиот ден на млади во Краков 2016


Во среда 2 декември 2015 година во парохиската сала во Радово се одржа анимација за Светскиот ден на млади, кој ќе се одржи во јули 2016 година во Краков, Полска. На оваа средба учествуваа млади од парохиите на Апостолскиот егзархат во Македонија.

На почетокот од средбата о. д-р Зоран И. Стојанов ги поздрави присутните млади, а потоа о. Гоце Костов на презентацијата им го приближи настанот Светски ден на млади.

При тоа тој се осврна на самите почетоци на Светскиот ден на млади, историјата и местата каде се одржани, но исто така ги појасни логото, темата и програмата за Светскиот ден на млади, како и начинот на кој се организирани.

При крајот на средбата о. Зоран И. Стојанов напоменувајќи дека во 2016 година се навршуваат 100 години од протерувањето на Католичката црква од Паљурци најави дека ќе се организира конкурс за: слика, фотографија, поезија и проза со мотив и тема на Паљурци.

Средбата заврши со дружење и заедништво на младите во парохиската сала.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.