2015-11-22 16:46:00

Ѓаконско ракополагање во Радово


На светата Архиерејска Литургија на празнико Собор на свети архангел Михаил 21 новември 2015 година во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ – Радово од рацете на Апостолскиот егзарх во Македонија Н.В.П. д-р Киро Стојанов ѓаконско ракополагање прими досегашниот подѓакон Атанас Сирачев. Во сослужение на епископот Стојанов беа голем број свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, а кандидатот за ѓакон пред епископот Стојанов го предводеше парохот о. д-р Зоран И. Стојанов.

Во својата проповед владиката Стојанов зборуваше за празникот и ангелската служба, по што се надоврза и на ѓаконската служба во Црквата.

На новопоставениот ѓакон редакцијата на Католици.мк му посакува Божји благослов и скоро свештеничко ракополаѓање – На многаја и благаја лета!

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.