2015-11-11 16:56:00

Струмица: Повикани на светост - Бдение за покојните


Во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица во предвечерието на Задушница, петок 6 ноември 2015 година младите организираа бдение за покојните, кое беше насловено „Повикани на светост“.

По светата Литургија, младите ја предводеа светата Бројаница за душите во чистилиштето, при што пред секоја десетка изнесоа кратко размислување од тажното таинство. Потоа се молеше Литанија до свети Иван Крстител и разни други молитвени накани, а бдението заврши со панахида и благослов со светата Причест.

Оваа молитвена иницијатива е резултат од средбите на млади кои се одржуваат секој вторник во парохиските простории со почеток во 19.30 часот.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.