2015-11-04 18:39:00

Ин меморијам: Почина отец Јоаким Дудаш

Во сабота 31 октомври 2015 година во 67 година од животот во Хрватска почина отец Јоаким Дудаш, поранешен парох во Нова Маала.

Отец Јоаким Дудаш е роден на 27 февруари 1948 година во Петровци, Вуковар од родители Ѓуро и Ирена, родена Папуга, во земјоделско- занатечиско семејство како најстар од четири деца на семејството Дудаш.

Основно училиште, седум одделенија завршува во Петровци (1955-1962), а осмо одделение и прва година гимназија завршува во Вуковар (1962-1964).

Во 1964 година заминува во источно католичката семинарија во Загреб и до 1967 година ги завршува првите три години од меѓубисупската класична хуманистичка гимназија во Загреб. Комунистичкиот режим не му ја признава гимназијата и не сака поради завршување на средното образование да му го одложи служењето на воената служба, па така трета година мора да ја полага вонредно и заминува на отслужување на воена служба во ЈНА во Бихаќ и Риека. Во ЈНА е прогонуван, бидејќи кај него е најден Новиот Завет и Света Бројаница и преку пошта го добива во она време црковниот весник „Глас Концила“, кои ги собира и чува и од тоа не сакал да се откаже и покрај притисоците на офицерите и КОС.

После воената служба, тогашниот помошен бискуп Сегеди го праќа во Крижевци, каде е сместен во куријата на Генералниот викаријат на монс. Станко Вишошевиќ. Таму кај Салезијанците завршува четврта година гимназија и матура.

Тогашниот помошен бискуп Сегеди го праќа на студии во Регенсбург, Германија, а студиите по филозофија и телогија ги завршува во 1975 година.

Нижи црковни служби прима 1970 година во Регенсбург од надбискупот Јоаким Сегеди. За ѓакон е ракоположен на 27 октомври 1974 година во Вуковар од надбискупот Габриел Букатко, додека за свештеник е ракоположен на 27 јули 1975 година во Вуковар исто така од надбискупот Букатко. Архиепископот Букатко го праќа на специјализација по канонско право во Рим (1976-1979).

По барање од надбискупот Букатко го прекинува студирањето во Рим, додека не излезе новото канонско право, кое тогаш беше во подготовка и по молба на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. Јоаким Хербут, а со дозвола на архиепископот Букатко доброволно заминува во Нова Маала, Македонија. Во Нова Маала во негово време е изградена нова црква и нов парохиски дом, како и филијална црква во Чанаклија. Поради големиот недостаток  на свештеници таму останува до 1998 година, кога бискупот Хербут го праќа во Фулда, Германија, како претставник во богословијата.

Во 2004 година е именуван за протереј ставрофор, а во 2004 година служи во католичката парохија од западен обред во Иванково. Од 2005 до 2009 година е парох во Петровци, Крижевска епархија. Од 2009 година е во мирување и живее најпрво кај сестрите Василијанки во Осиек, а потоа во свештенички дом за стари лица во Хрватска.

Католичката црква во Македонија ти искажува голема благодарност. Вечна памет отец Дудаш.

к.мк

All the contents on this site are copyrighted ©.