2015-10-31 15:18:00

Папата: Бог сочувствува со секој човеки целото човештво


Добриот свештеник знае да се сочувствува и да се зазема во животот на народот – истакна Светиот Отец на светата Литургија на 30 октомври во домот Света Марта, додавајќи дека Бог ни простува како татко, а не како некој судски службеник.

Добриот свештеник знае да се сочувствува и да се зазема во животот на народот – истакна Светиот Отец на светата Литургија на 30 октомври во домот Света Марта, додавајќи дека Бог ни простува како татко, а не како некој судски службеник. Бог е сочувствителен. Тој жали за секој од нас, за човештвото и затоа го испрати својот Син за човештвото да го оздрави, препороди и обнови. Интересно е што во параболата за блудниот син се зборува како таткото – сликата за Бог кој простува – се трогнал кога видел дека се враќа неговиот син. Божјото чувство не е сочувство, тоа не е иста работа – рече Папата додавајќи:

Може да се сожалува куче кое е напуштено, Божјото сочувствување пак е нешто друго: со влегување во проблемот со срцето на Отецот, во состојбата на другиот. Затоа го испрати својот Син. Исус ги оздравувал луѓето но не е „исцелител“. Неговото оздравување на луѓето е знак на Божјото сочувствување за изгубената овца да ја спаси, да ја врати во трлото, изгубената драхма на жената да ја врати во паричникот. Бог нè носи во своето татковско срце. Бог простува како татко, а не како некој судски службеник кој изрекува судска пресуда: Се ослободува заради недостаток на докази. Бог ни простува одвнатре, бидејќи влегол во срцето на човекот – објасни Папата.

Исус е испратен да донесе радосна вест, да ги ослободи угнетените. Отецот го испрати Синот за да влезе во нас, да нè ослободи од нашите гревови и зла. А тоа го прави свештеникот: сочувствува, се зазема во живот на луѓето бидејќи свештеникот е како и Исус. Колку пати ги критикуваме свештениците, па за тоа мораме да се исповедаме, на кој не му е грижа што се случува во неговата заедница. Тој не е добар свештеник. Добриот свештеник сочувствува – истакна Папата продолжувајќи:

Добриот свештеник се интересира за проблемите на луѓето – истакна Папата и се осврна на служењето на Црквата на кардинал Хавиер Лозано Бараган присутен на Литургијата по повод прославата на 60 годишнината од свештенството. Папата потсети на неговото великодушно служење при Советот за здравствени работници и неговото служење на болните. Му благодариме на Бог за 60 години свештенство, од Божјото сочувствување до денес се протега една нишка, а тоа е Божји дар на кардиналот Бараган: да се доживее шеесет години свештенство – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.