2015-10-26 11:44:00

Средба на деца во организација на сестрите Евхаристинки


Деца од Радово, Струмица, Нова Маала, Секирник и Петралинци во сабота 24 октомври ја преполнија парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово по повод средбата на деца и млади во организација на сестрите Евхаристинки во соработка со парохиите од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Средбата започна со молитва до Светиот Дух, а веднаш потоа следуваше предавање од о. д-р Зоран И. Стојанов, кој во групи ги поттикна децата и младите да размислуваат за Богородица, земската Мајка Исусова и нашата небеска Мајка, како и за христијанското сведочење во секојдневниот живот.

Средбата продолжи со света Исповед и Литургија, на која групата Еклесија изведе неколку духовни песни. Средбата заврши со заедничко агапе и дружење во црковниот двор.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.