2015-10-19 10:03:00

Прогласени за свети родителите на св. Тереза од Детето Исус


Сфаќањето на моќта според световните критериуми од една страна и понизно служење кое што би требало да го карактеризира авторитетот според Исусовата наука и примерот од друга страна меѓусебно се исклучуваат, рече Папата на Литургијата за канонизација на четири нови светци.

Сфаќањето на моќта според световните критериуми од една страна и понизно служење кое што би требало да го карактеризира авторитетот според Исусовата наука и примерот од друга страна меѓусебно се исклучуваат. Светлото сведоштво на новите светци нè поттикнува да истраеме на патот на радосното служење на браќата – истакна Папата на светата Литургија за канонизација на отец Винченцо Гроси, сестра Марија од Безгрешното Зачнување и сопружниците Луј и Зели Мартен родители на света Тереза од Детето Исус.

Папата истакна дека Исус како слуга Божји според пророкот Исаија поднесувајќи страдање го исполнува Божјиот план и заради тоа може да ги разбере оние кои страдаат. Неговиот живот и смрт во потполност служејќи на другите е причина за нашето спасение – рече Светиот Отец и потоа потсети на молитвата на браќата апостоли Јаков и Иван во Царството Божјо да заземаат почесни места од Исусовата десна и лева страна во согласност со нивните хиерархиски гледања на Царството небесно. Перспективата им е – како што рече – сè уште она земската.

Исус таа перспектива ја разнишува потсетувајќи ги на својот пат, на чашата на страдањето која треба да ја пијат и дека тој не е овластен за тоа кој ќе седна од левата и десната страна во Царството, туку Отецот небесен. Така на апостолите им дава до знаење дека можат до крајот да бидат поврзани со неговата судбина на страдање, сеедно не гарантирајќи им ги почесните места. Исусовиот одговор – како што нагласи Папата – е повик да го следиме на патот на љубовта и служењето, отфрлувајќи го световното искушение да се лепиме за првите места и да заповедуваме на другите.

Исус напротив им се нуди како пример кој треба да го наследуваат. Во Него пронаоѓаме нова перспектива: Синот Човечки не дојде за да му служат, туку за да служи и животот свој да го положи за откуп на многумина. Исус како што рече Папата има моќ доколку е слуга; слава доколку може да се понизи и царски авторитет доколку е подготвен на целосно дарување на животот. Неспоиви се уште повеќе амбицијата и кариеризмот со наследувањето на Христа; неспоиви се честа, успехот, славата и земските триумфи со логиката на Христос распнатиот. Меѓутоа споиви се Исус и нашите страдања, како што нè потсетува Посланието до Евреите според кое Исус е врховен свештеник Кој во сè ни е сличен освен во гревот.

Исус – нагласи папата Фрањо – е свештеник на милосрдието и сочувствувањето. Одвнатре ги познава нашите тешкотии и човечката состојба. Фактот дека не го вкусил гревот не го спречува да ги разбере грешниците. Неговата слава не е во амбицијата или жедта за власт, туку во љубовта кон човекот, делење на неговите слабости и пружење на милости кои оздравуваат; во придружба со бескрајната нежност на човековиот неспокоен пат. Сите можеме да примиме љубов од Исусовото отворено Срце. Потсетувајќи на примерот на новопрогласените светци, папата Фрањо на крајот истакна дека и ние можеме да станеме канали на Неговата љубов и сочувство, особено кон оние кои страдаат и кои се осамени.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.