2015-10-05 16:31:00

Радово: Процесија во чест на Марија од Назарет


Во Радово се одржа процесија во чест на Марија од Назарет, предводена од монс. д-р Киро Стојанов

Во сабота 3 октомври во Радово се одржа процесија низ селото во чест на Марија од Назарет, предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, придружуван од парохот о. д-р Зоран И. Стојанов и свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. Процесијата започна од црквата „Свети Пророк Илија“ кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза, а за време на процесијата се молеше Света Бројаница и се пееја црковни песни. На процесијата учество зедоа и бројни верници од Радово и други парохии.

Свеченоста продолжи во парохиската црква со света Литрургија, предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој во својата проповед потсети на 1998 година кога статуата на Богородица од Назарет престојуваше во Радово. Потоа се осврна на дел од животот на Пресвета Богородица.

По завршувањето на светата Литургија богословот Спасе Спасов, национален коориднатор за Парохиски Каритас одржа предавање со презентација на тема: Марија, прифаќајќи ја како Каритас“.

Свеченоста заврши со програма на младите од Радово, кои со запалени свеќи во дворот на црквата напишаа: Марија од Назарет.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.