2015-10-05 16:29:00

Да не бидеме општество - тврдина, туку општество - семејство


Нека Господ ни помогне да не бидеме општество-тврдина, туку општество-семејство способно да прифати – со соодветните правила – но да прифаќа секогаш со љубов – рече Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов.

Да го упатиме погледот кон Исус и врз основа на неговата вистинска и милосрдна наука ги спознаеме најсоодветните начини за посветеност на Црквата за семејството и со семејствата за да може изворниот Божји план за мажот и жената да се оствари во денешниот свет во целата своја убавина и сила – рече Папата на пладневениот говор во недела 4 октомври 20015 година, осврнувајќи се на почетокот на Синодата.

Истакна дека денешното читање од Книгата Битие е „основниот текст“ за комплементарноста и взаемноста на мажите и жените. Во брачното единство сопружниците пренесуваат живот на нови човечки битија и стануваат родители. Така учествуваат во создателската моќ на самиот Бог – рече Папата.

Бог е љубов и кога љубиме со Него и како Него учествуваме во неговото дело. Затоа свети Павле вели дека Божјата љубов е излеана во срцата наши преку Светиот Дух кој ни е даден. Таа љубов се дарува на сопружниците и во светата Тајна Брак. Љубовта го храни нивниот однос преку радоста и болката, преку мирните и тешки моменти. Љубовта е таа која поттикнува желба за раѓање деца, за нивна грижа, прифаќање и воспитание. Таа е истата љубов – рече папата Фрањо – која Исус ја искажува на децата во денешното Евангелие, кога вели: Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене.“

Папата поттикна на молитва за родителите и воспитувачите како и за целото општество за да станат средство на таквото прифаќање и на љубов со која Исус ги прегрнува најмалите. Потсети и на гладните, напуштени и експлоатирани деца, како и оние во војна и на бегалците. Болно е да се видат сликите на несреќни деца кои бегаат од сиромаштво и конфликти и чукаат на нашата врата и на срцето, молејќи за помош. Нека Господ ни помогне да не бидеме општество - тврдина, туку општество - семејство способно да прифати – со соодветни правила – но да прифаќа секогаш со љубов – кажа Светиот Отец.

Верниците ги повика работата на Синодата да ја поддржат со молитва за учесниците да бидат потполно послушни на вдахновенијата на Светиот Дух. По молитвата Ангел Господов потсети на денешната беатификација на Пиј Хередиј и 17 други цистерзински монаси и монахињи убиени за време на Шпанската граѓанска војна. Да го фалиме Господ за неговите храбри сведоци и преку нивното застапништво да молиме светот да го ослободи од камшикот на војната. Спомнувајќи на жртвите на свлечилиштето во Гватемала како и жртвите на поплавите во Франција ги повика присутните да бидат блиски со тие тешко погодени луѓе – и тоа со дела на конкретна солидарност.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.