2015-09-25 11:29:00

Папата ги посети Малите сестри на сиромашните


Папата Фрањо на 23 септември 2015 година ненајавено го посети манастирот на Малите сестри на сиромашните. Посетата на Папата на сестрите е очигледен знак на поддршка за нивниот судски потфат – рече патер Федерико Ломбарди.

Папата Фрањо ненајавено го посети манастирот на Малите сестри на сиромашните во близина на американското национално светилиште Безгрешно Зачнување, каде што славеше Литургија за канонизација на свети Џуниперо Сера. Сестрите водат неколку домови и здравствени институции во САД и нивниот ред е вклучен во поднесувањето на тужбата против администрацијата на Обама заради новиот закон за здравствена грижа според кој и верските заедници со здравственото осигурување мора да ги покриваат трошоците за контрацепција.

Посетата на Папата на сестрите е очигледен знак на поддршка за нивниот судски потфат – рече патер Федерико Ломбарди директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол објаснувајќи дека посетата на сестрите е поврзана со поддршката на американските епископи која Папата ја кажа во говорот пред претседателот Обама. Програмата не предвидуваше посета на сестрите, но мислам дека е од голема важност во овој момент – заврши патер Ломбарди.

РВ/к.мк.








All the contents on this site are copyrighted ©.