2015-09-22 12:07:00

Папата упати видео порака до граѓаните на Филаделфија


Една седмица пред посетата во Филаделфија, Светиот Отец испрати кратка видео порака до граѓаните на Филаделфија. Во пораката Папата ги повика луѓет заедно со него да се вклучат во настаните, истакнувајќи дека се радува на средбите и поздравите со поколниците и граѓаните. Централен настан од ова апостолско патување на Папата и посетата на Куба, САД и ОН, ќе биде 8. Светска средба на семејства во Филаделфија, кој ќе се одржи од 22-25 септември. Видео пораката Папата ја завршува со зборовите: „Ќе бидам таму, зошто и вие ќе бидете таму. Се гледаме во Филаделфија!“

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.