2015-09-02 17:03:00

Папата: Последниот суд е вистина


Со взаемно утешување со зборови и дела, а не со бескорисни мромрења меѓу христијаните треба да се зајакнува надежта за конечната средба со Христос – истакна Светиот Отец во текот на проповедта на светата Литургија на 1 септември во капелата на домот Света Марта.

Сигурната вера во конечната средба со Исус – е посилна од сомнежите и толку е цврста што секојдневно се радува – не се зацврстува со гласни и несериозни мрморења, туку со „утехата“ која христијаните ја разменуваат во Исус. Папата се осврна на однесувањето на првата христијанска заедница во Солун, опишано во Посланието на свети Павле. Била немирна, толку што сѐ преиспитувала, па и самиот апостол го прашувале „како“ и кога“ ќе се врати Христос, што ќе биде со мртвите, а сепак и било потребно да и се каже: „Кој работи, нека не јаде“ – потсети Папата.

Свети Павле, рече Светиот Отец, тврди дека денот Господ ќе стигне изненадно како крадец, но исто така додава дека Исус ќе дојде и ќе донесе спасение на оној кој во Него верува и заклучува: „Советувајте се помеѓу себе!“ За тоа треба да се зборува: А ве прашувам: зборуваме ли ние за тоа дека Господ ќе дојде, дека ќе го сретнеме? Или пак зборуваме за други работи, за теологија, за црковни работи, за свештениците, за чесните сестри, монсињорите, за сето тоа? Дали таа наша надеж е за утеха? „Советувајте се помеѓу себе“: Тешете се во заедниците. Се зборува ли во нашите заедници, во нашите парохии за тоа дека го чекаме Господ, Кој доаѓа? Или се брбори за било што убивајќи го времето за да не ни биде досадно?“ – праша папата Фрањо.

Во псалмот повторувавме: „Но јас верувам, дека ќе ја видам Господовата благост во земјата на живите.“ „А дали си сигурен дека ќе уживаш во добрината Господова? Јов е пример, бидејќи и покрај своите неволји бил сигурен: „Знам дека Бог е жив и ќе Го видам, ќе Го видам со своите очи.“ „Вистина е Бог ќе дојде да суди, тоа го гледаме кога одиме во Сисктинската капела, сцената на последниот суд е вистина. Мислиме ли исто така дека Бог ќе дојде да ме најде, дека ќе го видам со свои очи, да Го прегрнам и засекогаш да бидам со Него? Таа е надежта за која апостол Павле вели дека со својот живот на другите да им толкуваме, да ја сведочиме таа надеж. Ова е вистинска утеха, ова е вистинска сигурност: Сигурен сум дека ќе уживам во добрината Господова“ – истакна Светиот Отец.

Како свети Павле на првите христијани, така и папата Фрањо истиот совет го повторува на членовите на денешната Црква: „Взаемно утешувајте се со добри дела и помагајте си едни со други. Така ќе одиме напред.“ Да го молиме Господ за таа милост: да се развие семето на надежта кое го посеал во нашето срце, да расте сѐ до конечната средба со Него. „Сигурен сум дека ќе ме најде: Тој е приказот на нашиот живот. Да молиме за таа милост од Господ и едни со други на овој пат да се тешиме со добрите дела и зборовите – поттикна папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.