2015-08-24 20:11:00

Калдејскиот бискуп за рушењето на манастирот во Сирија


Со уништувањето на католичкиот манастир Мар Елијан од петтиот век, т.н. Исламска држава сакаше да испрати порака за „насилство и нетолеранција“ и да ги поттикне христијаните да ја напуштат Сирија, изјави на 21 август во интервју за Радио Ватикан калдејскиот католички бискуп од Алепо, Антоан Аудо.

Терористите го уништиле манастирот во сирискиот град Каратаин, по што на почетокот на месец август, киднапирале 250 жители, меќу кои најмногу се христијани. Со киднапирењето, членовите на ИСИС сакале да постигнат две цели, предупредува бискупот. Првата цел е да присоберат пари, а втората е да ги заплашат жителите и да им покажат колку се „моќни“ терористите и не веруваат во политичко решение на проблемот, вели бискупот Аудо. Бидејќи терористите немаат „ниту совест ниту морал“ подготвени се „да направат било што“, па дури и да ги погубат заложниците меѓу кои има многу деца, предупреди калдејскиот бискуп во интервјуто за англиската програма на Радио Ватикан.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.