2015-08-19 19:50:00

Католиците и муслиманите со заедничка грижа за Созданието


„Католиците и муслиманите да работат заедно за заштита на Созданието“: тоа е пораката на кардиналот Петар Турксон, претседател на Папскиот совет за правда и мир, испратено до исламскиот симпозиум за климатски промени, кој се одржува на 17 и 18 август во Истанбул, Турција.

Симпозиумот е организиран од Islamic Relief Wordwide, Светската исламска организација за хуманитарна помош, од „Исламскиот форум за екологија и природни науки“ и од Green Faith (Зелена вера), верски органзација за заштита на животната средина.

Кардиналот Турксон се повикува на енцикликата на папата Фрањо, „Laudato si“, посветена на грижата за Заедничкиот дом. Затоа неговиот повик е за „еколошко обраќање на срцето“: „треба да се преиспита, врз основа на верата, нашата посветеност за заштита на Заедничкиот дом, на оваа наша планета, земјата, бидејќи не е доволно само да се понудт само технички решенија кои не можат да ги решат сериозните проблеми во светот, ако човештвото го изгуби вистинскиот курс“.

Раководителот на Ватиканскиот совет предупредува дека „живееме во еден решителен и особено проблематичен момент од светската историја. Човештвото се соочува со бројни итни предизвици кои бараат молитви и итна акција, бидејќи оваа еколошка криза е најдлабока и најтешка од сите досега“.

Затоа кардиналот Турксон се повикува на „големиот мотив кој ги обединува христијаните, муслиманите и голем број на други верници: цврстата вера во Бог - тој нѐ гони да се грижиме за прекрасните дарови кои Бог ни ги дал на нас и на идните генерации. Затоа нашите активности несомнено ќе бидат поефикасни, ако ние, верниците од различни верски заедници, најдеме начин да работиме заедно во духот на солидарноста“.

На 18 август, по завршувањето на симпозиумот, ќе биде претставен целиот текст на „Исламската декларација за климатските промени“. Документот ќе ги повика 1,6 милијарди муслимани во светот да дејствуваат во корист на животната средина и ќе претставува одлучувачки апел, пред Меѓународната конференција за климата, предвидена да се одржи во текот на месец декември во Париз.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.