2015-08-18 17:34:00

Објавено логото за посетата на Папата на Куба


По повод посетата на папата Фрањо од 19 до 22 септември 2015 година на Куба, властите на таа земја отворија нова интернет страница, на која е прикажано логото за ова апостолска посета на Папата.

На новата интернет страница која власта во Куба ја посвети на претстојната посета на папата Фрањо на таа земја, прикажано е логото за тоа патување, фокусирано на братството и љубовта како плод на божественото милосрдие. Црвеното срце и жолтата рака во кои се наоѓа синиот крст, симболите на апостолската посета на папата Фрањо на Куба, пружат многу јасна порака zа тој настан, со фотографијата на Папата. Визуелниот идентитет се заснова на идејата и верските слики на Исус Божествено милосрдие кое е дел од литургиската програма и пораката која папата Фрањо ќе ја донесе во Куба – истакнато е во воведот на новата интернет страница на владата во Куба, со мотив од посетата на Папата на таа земја од 19 до 22 септември 2015 година.

Симболичните елементи рацете, срцето и крстот во нивните бои – стои во објаснувањето за логото – го означуваат милосрдието и љубовта. Гестот на раката е поврзан со поздравот и обредниот гест на католичката вера. Тие исто така се пренесени на човештвото и братството. Крстот означува верско обележје. Присутни се и боите на нашето знаеме, со ѕвездата која го означува националното обележје – истакнато е во објаснувањето.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.