Со посетата на Сингапур, Ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин ја заврши посетата на азискиот континент.
Во присуство на министерот за надворешни работи на Република Сингапур и на други претставници на власта, кардиналот Паролин направи симпатична споредба помеѓу сингапурската реалност и Ватикан: и двете држави се мали географски единици, но затоа пак се потврда на фразата „малото е убаво“.
Земја на хармонија меѓу верниците
Ватикански државен секретар го оцени за многу важен меѓународниот ангажман на Сингапур за глобалната потрага за мир и просперитет, особено во овој момент, во кој светот се соочува со големи предизвици, како верскиот фундаментализам и тероризам.
Потсетувајќи на прославата на 9 август на 50 годишнината од независноста на Сингапур, кардиналот Паролин изрази задоволство од „хармоничниот“ соживот помеѓу различните вери. Затоа тој ги охрабри да се преземе ангажман за ефикасен меѓурелигиски дијалог и за вистинска религиозна слобода.
Свест за заштита на Созданието
Другото име на Сингапур е „Град-градина“. Кардиналот Паролин потврди дека тоа е „соодветен израз, не само затоа што го опишува пријатното заобиколување со зеленило, меѓу која се живее, туку и затоа што го претставува Сингапур со неговиот ангажман за заштита на животната средина и зголемената свест за ранливите нешта во современиот свет“.
Сингапур - Црква, која го сака Папата
Ватикански државен секретар на крајот се заблагодари за покажаното гостопримство на овој „прекрасен остров“, кој се издига како „светилник меѓу земјите во регионот“. Кардиналот упати и мисла до месната Црква: свештениците, богопосветените лица и лаиците „ја покажаа моќта на односите, базирани на заедништво и љубов меѓу Светиот Престол и Сингапур, каде што живеат многу квалификувани луѓе кои работат во организации поврзани со Светиот Престол и со меѓународни католички организации“. „Нека овој прекрасен знак на активното учество на лаиците биде добра желба за иднината на локалната Црква", заврши кардиналот Паролин.
РВ/В.Н.
All the contents on this site are copyrighted ©. |