2015-08-14 19:56:00

Твитер порака на Папата: Марија е полна со благодат


Два дена пред празникот Вознесение во небо на Блажена Девица Марија, Светиот Отец на Твитер профилот @Pontifex ја објави следната порака: „Марија е полна со благодат. Таа во моментот на искушенија ни дава сигурно прибежиште“.

За побожноста на папата Фрањо кон Богородица сведочат и неговите чести и ненадејни посети на римската базилика Света Марија Велика, како и неговите молитви пред чудотворната икона „Спас на римскиот народ“, како и букетите цвеќиња кои ги дарува пред и после секое апостолско патување.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.