2015-08-11 16:26:00

Папата ги поттикна младите да не живеат просечен живот


Светиот Отец на 9 јули упати порака до младите кои се собраа повеќе од шест илјади на света Литургија во Авила во Шпанија на завршувањето на Европската средба на млади по повод 500 годишнина од раѓањето на света Тереза Авилска.

Папата ги поттикна младите да не се задоволуваат со просечен живот и без идеали, туку да се трудат за да растат во длабоко пријателство со Христос, секој ден да стануваат свесни за големиот дар кои го примиле на Крштението и Миропомазанието кои нè поттикнуваат на своите браќа да им ја носиме љубовта Христова. Папата истакна дека познатиот израз на света Тереза „во тешките времиња посилни Божји пријатели“ има посебен одек кога се насочува на младите и нивниот копнеж за вистината, добрината и убавината.

Во пораката насловена до кардинал Рикардо Перез надбискуп на Ваљадолида која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин папскиот државен секретар, Папата ги повикува младите да растат, да ја продлабочуваат верата и да сведочат својата љубов кон Црквата и кон браќата, следејќи го примерот и учењето на света Тереза од Исус.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.