2015-08-08 13:50:00

Папата упати порака до членовите на витешкиот ред Колумбо


Заштитата на бракот, семејството и верската слобода е во центарот на пораката на Папата до учесниците на конгресот на витешкиот ред на Колумбо, кој под мотото „Создателот нè обдарил со живот и слобода“ од 4 август се одржува во Филаделфија во САД.

Папата изрази длабока благодарност на членовите на „редот“ што „одлучно и јавно сведочат“ за христијанскиот брак, света Тајна, во планот на Создателот, природна институција, целоживотен сојуз на љубов и верност помеѓу мажот и жената заради нивно усовршување и посветување, за иднината на човечките семејства. Бидејќи денес институцијата брак е подложена на напад од моќните културни сили, верниците се повикани да ја сведочат ова основна вистина на библиската вера и природното право, важно за мудро и соодветно организирање на општеството, а од нив ќе се бара голема мудрост и истрајност во соочувањето со моралните, општествените и политичките предизвици на сегашното време – стои во пораката.

Осврнувајќи се на темата на конгресот која зборува за слободата и животот, Папата ги потсети католиците Американци на обврската како одговорни граѓани одлучно и свесно да ја бранат слободата на која е заснована нивната држава, поаѓајќи од верската слобода која не е само слобода на култ, туку можност луѓето и институциите да зборуваат и делуваат по својата совест.

На тоа право сѐ повеќе се противат јавните инвазивни политики како и растечкото влијание на културата која индивидуалните права ги смета поважни од општото добро, затоа треба да се поттикне совеста на сите граѓани кои независно од политиката и верувањето, да се заземаат за општата благосостојба на општеството – стои во заклучокот на пораката на Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.