2015-08-04 18:12:00

Во Рим се одржува средба на министранти од целиот свет


Повеќе од 8.500 млади луѓе од сите континенти се собрани во Рим за XI Меѓународна средба на министранти, која се одржува од 3 до 8 август на тема „Еве ме мене, испрати ме мене!” (Иса. 6,8). Настанот е организиран од Coetis Internationalis Ministrantum, асоцијација која се грижи за координација и пасторално - литургиски насоки за младите, малолетни и возрасни кои служат на олтарот. Во програмата е предвидена братска размена на искуства и меѓусебно запознавање со римските парохиски заедници, како и молитвена средба со папата Фрањо на 4 август.

Меѓународниот карактер на поклонение е препознатлив како преку мешаните средби на групи од различни земји, така и со учеството во литургиите во бројни парохии во историскиот центар на Рим, каде што ќе биде изложена Светата Евхаристија за обожавање, но исто така и од настаните на римските плоштади и улици. Молитвената средба со Папата ќе ја потврди важноста на тивкото служење на министрантите и нивната улога во литургијата и пасторалните активности. Покрај тоа, голем настан за младите министранти ќе биде и средбата во римската базилика „Свети Павле надвор од градските ѕидови" на 6 август.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.