2015-07-27 15:14:00

Папата прв се пријави за Светскиот ден на млади во Краков


На молитвата Ангел Господов папата Фрањо со симболичен гест, кликнувајќи на таблет кои му го донесоа двајца млади се пријави на Светискиот ден на млади во Краков и ги повика сите млади да учествуват на тој настан кој ќе започне точно за една година во земјата во која е роден свети Иван Павле II

Пред зборовите посветени на Сирија папата Фрањо се пријави на Светскиот ден на млади во Краков, отворајќи го така пријавувањето за учество на тој настан. Бидејќи ќе се слави во текот на Годината на милосрдието, тој ден во одреден смисла ќе биде јубилеј на младите повикани да размислуваат за темата „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.“ Ги повикувам младите од целиот свет да го проживеат тоа ходочастие дали одејќи во Краков, или учествувајќи во тој момент во милостите со своите заедници – поттикна Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.