2015-07-25 13:02:00

Апел на Светиот Престол до ОН за правата на возрасните


„Во време, во кое повозрасните луѓе ‘се напуштени’ од општеството, повеќе од важно е нашите напори да се насочени кон промовирање на политиката и образовниот систем, кои нудат алтернативен пристап кон доминантната култура на ‘отфрлање’.

Ова е еден од акцентите во декларацијата на Светиот Престол до ОН од 16 јули, во која го изразува задоволството од учеството на шестата сесија на Отворената работна група на ОН, во општата дискусија на „Меѓународните рамковни договори за човековите права на возрасните и одредувањето на постојаните недостатоци на меѓународно ниво“.

Светиот Престол изразува благодарност за непоколебливата посветеност на претседателот на Отворената работна група, од првата сесија почнувајќи од 2011 година до сега. Во текстот се изразува уверување дека „ватиканската делегација останува посветена на промовирањето и заштитата на човековите права и својствено на вроденото достоинство на возрасните, како и за елеминирањето на сите форми на дискриминација врз основа на возраста“. „Оваа дискусија е особено релевантна во момент кога возрасните се напуштени, не само од аспект на материјална несигурност, но често се принудени и да се чувствуваат товар на општеството“. Во документот се цитираат мислите на папата Фрањо: „Застрашувачки е да се види како возрасните се отфрлени... никој нема храброст тоа да го признае отворено, но тоа е така!

Статистиката во Западна Европа покажува дека актуелниот век е обележен со зголемување на средната возраст, бројот на децата се намалува, додека бројот на возрасните се зголемува. Во моментов 700 милиони, или 10 % од светското население се луѓе на повеќе од 60-годишна возраст. Според предвидувањата, до 2050 година овој број бргу ќе се дуплира, достигнувајќи 20 % од целото население.

Оваа зголемена нерамнотежа е огромен предизвик за современото општество. Факт, кој го зголемува притисокот врз здравството и системот за социјалната грижа.

Обезбедувајќи ги овие бројки, делегацијата на Светиот Престол сака да привлече внимание за потребите на возрасните жени, кои често се игнорирани. Затоа, бидејќи со зголемувањето на бројот на повозрасните, расте и бројот на просечниот животен век и сѐ позадолжително е да се охрабри односот на прифатливост како и на почит кон повозрасните како и за подоброто нивно интегрирање во општеството.

Светиот Престол нагласува дека човековиот идеал сеуште останува за возрасните да живеат со своето семејство, со гаранција за ефикасна социјална помош, која поради возраста или состојбата на болест тоа е неопходно.

Од името на Светиот Престол, постојаниот претставник на ОН ја нагласува потребата од барање на нови механизми, слични на конвенции, преку кои ќе се бара дозвола на веќе утврдените пропусти на темата, од претходните сесии. Меѓу предложените мерки се спомнува и Мадридскиот меѓународен план на делување, кој би можел да се прифати со цел за почитување на правата на возрасните. Но, во исто време се нагласува, дека усвојувањето на какви и да било мерки не би биле ефикасни, доколку не се дополнети од политиката и програмите, кои се борат за спречување на причините, поради кои не се почитуваат правата на возрасните.

„Повеќе од важно е нашите напори да се насочени кон промовирање на политиката и образовните системи, кои нудат алтернативен пристап до доминантната култура на ‘отфрлање’, која што ја оценува вредноста на човечкото суштество само по тоа што произведува. Еве зошто, возрасните често се чувствуваат непотребни или осамени, само затоа што го имааат загубено своето место во општеството“, стои во документот.

„Возрасните претставуваат непроценлив ресурс и основна појдовна точка во една епоха, кога многу ги има оние кои го бараат својот идентитет и ја изгубиле надежта. Колективното сеќавање на возрасните и богатството од стекнатото искуство може да преставуваат поддршка ‘за младите генерации’ така што тие самите нема да ги среќаваат битките на животот.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.