2015-07-24 19:23:00

Градоначалници од целиот свет на средба во Ватикан


Спомнатиот сојуз ќе биде преставен во Њујорк во пресрет на посетата на папата Фрањо на Обединетите нации. Меѓу најважните задачи на тој проект е искоренување на корупцијата, сиромаштвото и трговијата со луѓе.

Станува збор за отворен доброволен сојуз кој е обележје на учеството, а кои го потпишаа градоначалниците со цел промовирање на одржлив урбан развој. За да се вклучат сите заинтересирани страни тој нов проект постави 11 точно одредени цели. На прво место е искоренување на ексремното сиромаштво и глад; потоа гарантирање на еднакви можности на мажите и жените; и обезбедување на пристап до здравствените институции, образованието и најосновните услуги.

Оввен тоа, потписниците се обврзаа дека ќе прекине трговијата со човечки битија и сите облици на модерното ропство и ќе се запре корупцијата и неказнувањето кои го загрозуваат одржливиот развој. Истакнато е исто така користење на енергетски системи различни од јагленот со цел да се намали општото затоплување.

Во поглед на „заедничкиот предлог“ и „генералниот договор“ спомнати во енцикликата на Папата „Лаудато си“, сојузот сака да воспостави нови канали за урбаното финансирање да биде одржливо, а планирањето долгорочно. Силен апел пак е упатен за создавање можности за достојна работа која ги гарантира човековите права и им помага на бездомниците. Истовремено државите и владите се повикуваат да ги зацврстат градовите за да можат да ги извршуваат своите обврски благодарение исто така на соодветнта децентрализирана власт и финансирање. На крајот се поттикнува на промовирање и зајакнување на универзитетите за да станат стожери за обнова на одржливиот развој.

Сојузот службено ќе биде покренат на 24 септември во пресрет на посетата на папата Фрањо на седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Прифаќајќи го повикот на Папата за човечка екологија и на непосредно делување за да се спротивстави на големите закани за идните генерации, како што се климатските промени, ропската работа, проституцијата, трговијата со човечки органи и сѐ поголемите општествени разлики, градоначалниците се обврзаа да работат заедно за целите на одржливиот развој да се постигнат во секој град.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.