2015-07-23 17:45:00

Папата прими дванаесет епископи од различни делови на светот


Папата Фрањо прими, во домот „Санта Марта“ во Ватикан, дванаесет епископи од различни делови на светот.

Средбата траеше околу два часа, на неа беа разгледани аргументи кои се однесуваат на епископското служење, грижата за свештениците и различните предизвици на евангелската мисија на Црквата во светот. Покрај тоа, соговорниците разговараа и за последната апостолска посета на папата Фрањо во Латинска Америка.

Посетата на архиереите на Ватикан е по иницијатива на Конгрегацијата за епископи. За време на престојот тие учествуваа на духовните вежби за новоракоположените епископи, кои се одржаа во бенедиктинскиот манастир во Субјако, Италија. Заедно со проповедниците беше и кардиналот Марк Уелет, префект на Конгрегацијата за епископи и други одговорни лица од Ватиканската управа.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.