2015-07-02 09:46:00

Папата искажа солидарност со грчкиот народ


Вестите кои доаѓаат од Грција загрижуваат заради економската и општествената состојба на таа земја. Светиот Отец сака да ја искаже својата близина со целиот народ, со посебно внимание на многу семејства кои тешко се искушувани од хуманитарната и тешката и сложената економска криза – рече на прес-конференцијата директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол патер Федерико Ломбарди, која се одржа на 1 јули.

Достоинството на човечката личност треба да остане во центарот на секоја дебата – политичка и техничка – како и во одговорниот избор. Папата ги повикува сите верници на обединетост во молитвата за доброто на саканиот грчки народ – рече гласноговорникот Ломбарди.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.