2015-07-01 12:58:00

Врховниот суд на САД за истополови бракови


Според одлуката на Врховниот суд во случајот Обергефел против Ходгес, со четворица судии против пет, забраната на истополовите бракови претставува кршење на американскиот Устав. Со тоа редефинирањето на бракот е наменето За сите американски држави – вклучувајќи ги оние кои на ниво на сопственото законодавство бракот го дефинирале како заедница помеѓу една жена и еден маж.

„Тоа е трагична грешка која му штети на општото добро и на најранливите меѓу нас“ – така ја нарече одлуката на Врховниот суд надбискупот Џозеф Курц, преседател на Американската бискупска конференција, додавајќи дека е „длабоко неморално и неправедно владата да прогласи дека две лица од ист пол можат да ја сочинуват брачната заедница“.

Без оглед на тоа што тесното мнозинство на Врховниот суд во овој историски момент тоа го изгласи, природата на човековата личност и на бракот останува непроменета и непроменлива. Како што наведе надбискупот Курц, ниту претходната легализација за абортус, а ниту сегашната одлука за „истополовиот брак“ не е вкоренета во вистината и затоа на крајот и двете легализации ќе паднат.

Јас сум огорчен и разочаран поради тоа што поголемиот дел од судиите на американскиот Врховен суд одлучија да ја искоренат дефиницијата на бракот, која со милениуми била непроменета. Бракот е доживотна заедница помеѓу маж и жена, извор на животот и љубовта кои соединуваат, како и темел на стабилно семејство и општество – напиша бискупот Ричард Мелоун. Како што тврди, бракот е вкоренет во создавањето: Бог го создал бракот во истиот момент кога ја создал човечката личност, и тоа за Католичката Црква нема да се промени. И покрај ваквиот развој на настаните, повторно ќе ја прифатиме вистината, убавината и добрината на бракот, каков што отсекогаш бил и каков што ќе биде засекогаш – помеѓу маж и жена – рече бискупот Мелоун.

Додека пак претседателот на Американската бискупска конференција истакна дека единственото значење на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена е впишано во нашите тела како машки и женски. Заштитата на ова значење е клучниот аспект на „целата екологија“ која ја промовира папата Фрањо. Според зборовите на надбискупот Курц, Исус Христос со голема љубов и без никаква двосмисленост научуваше дека бракот од почетокот е доживотна заедница меѓу маж и жена. Како католички бискупи, го следиме нашиот Господ и ќе продолжиме да ја шириме и да дејствуваме во согласност на оваа вистина.

Ги охрабрувам католиците да истраат во верата, надежта и љубовта: во верата за непроменливата вистина за бракот, вкоренета во непроменливата вистина за човекот и потврденото божествено откровение; во надежта дека оваа вистина повторно ќе преовладува во нашето општество, не само по сила на логиката, туку и во убавината и очигледното служење за општото добро; и со љубовта кон ближните, дури и кон оние кои нѐ мразаат или сакаат да нѐ казнат заради нашата вера и моралните убедувања – рече надбискупот Курц.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.