2015-06-18 10:01:00

Папата упати апел за бегалците


На крајот од Генералната аудиенција во среда 17 јуни Папата Фрањо упати апел за бегалците. Во сабота се слави Меѓународниот ден на бегалците, кој го одбележува меѓународната заедница на 20 јуни. „Да молиме за бројните браќа и сестри кои бараат прибежиште далеку од своите земји, дом во кој ќе може да живеат без страв, и да се почитува нивното достоинство. Го охрабрувам делувањето на оние кои им даваат помош и изразувам надеж дека меѓународната заедница ќе делува сложно и делотворно за спречување на причините за присилната миграција. Сите ве повикувам да барате простување заради лицата и институциите кои ги затвораат вратите на луѓето кои бараат семејство и заштита.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.