2015-06-16 10:32:00

Папата се сретна со Здружението на италијанските скаути


Во саботата, на 13 јуни, претпладнето околу стотина илјади млади од Здружението на италијанските католички водичи и скаути на плоштадот Свети Петар се сретнаа со Светиот Отец.

По вообичаениот поздрав и благодарност до лидерите на здружението, Папата им рече на младите дека се важна компонента на Црквата во Италија; а на водичите им рече дека се скапоцени за семејствата, бидејќи им помагаат да ги едуцират младите. Родителите ви ги доверуваат своите деца, бидејќи се уверени во добрината и мудроста на вашата образовна работа, бидејќи се темели на вистинските човечки вредности, во допир со природата како и со религиозноста и верата во Бога. Вашите образовни методи промовираат одговорна слобода – рече Папата.

Папата се потсети како минатата година им телефонираше на скаутите, кога беа во Сан Росоре, каде ја освоија „Повелбата на храброста“, која ги изразува нивните уверувања и копнежи како и желбата да ги воспитуваат нивните заедници, парохии и општо Црквата. Оваа желба исто така се однесува и на духовноста и верата, кои се неопходни за избалансиран и сеопфатен развој на човечката личност – потсети Светиот Отец додавајќи:

Кога вашиот основач господин Баден Повел еднаш го прашале што „има“ верата со скаутизмот, рекол дека верата е во темелите на скаутизмот, дека всушност скаутизмот се темели на религијата, односно на спознанието и служењето на Бог. Вашето здружение посветува големо внимание на духовноста и верата – истакна Светиот Отец додавајќи како му е познато дека нивните водичи посетуваат курсеви по Библија.

Се радувам со вас заради овие вложувања и би сакал да бидат компонента на проектот за трајно и длабоко оформување, за да навлезат длабоко во структурата на здружението со цел во него да би можело да влезе Евангелието за олеснување во промената на животот.

Сакам нешто да ви кажам, а се однесува на католичките здруженија. Здруженијата се, како вашето, богатство на Црквата во кои Светиот Дух дава да се работи на евангелизацијата. Сигурен сум дека вашето здружение може да внесе во Црквата нов жар на евангелизација и да го поттикне дијалогот со општеството. А тоа ќе се случи доколку групите не го изгубат контактот со своите парохии од каде што доаѓаат. Треба да се вклучите во пастирската грижа на локалната Црква, да соработувате со своите бискупи, со паросите и со други свештеници, со едукаторите и членови на други црковни организации кои работат во парохијата или во истиот гратска населба; не задоволувајте се со „украсното“ присуство на неделните литургии – ги охрабри Папата.

Многу групи од вашето здружение целосно се вклучени во своите бискупски и парохиски реалности, го ценаат образованието кое парохиската заедница им го пружи на децата, младите и возрасните, посетувајќи, заедно со своите врсници, веронаука и христијанско образование, иако не се откажуваат од особеностите на образованието кое им го нуди скаутизмот. Исходот е со побогата и покомплетна особина, тоа е вистинскиот пат, само напред – заклучи Папата.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.