2015-06-12 16:44:00

Папата:Семејството загрозено од редуктивното сфаќање за брак


Во својот говор Светиот Отец ги потсети бискупите на долгогодишното страдање на Летонија и Естонија заради иделогијата која го потиснува човековото достоинство и слобода но и на сегашните „подмолни опасности“, како што се секуларизмот и релативизмот. Затоа Папата ги охрабри неуморно да работат и со самодоверба да го проповедаат Евангелието.

Светиот Отец ги охрабри бискупите на заедничка работа со свештениците и да се молат за духовни повици и грижата за добро формирање на новите свештеници, а рече дека пред сѐ треба да се ценат и монасите заради нивниот духовен живот, харизма и сведоштво.

Зборувајќи пак за лаиците, рече дека треба активно да учествуваат во мисијата на Црквата, а бискупите ги охрабри на лаиците да им помогнат во правилното формирање на совеста како и во запознавањето на црковната социјална наука. На бискупите им препорача да го поддржуваат екуменскиот дијалог, кој е како што рече, од голема потреба во времето кога мирот често го нарушуваат етничките и јазичните разлики.

Темата за семејството беше во центарот на говорот на Папата. Денес бракот, истакна тој, често пати се смета како форма на „емоционалното задоволување“ и затоа може да го има во било која форма и произволно да се менува. Тоа е „редуктивен поим“ на бракот, кој и помеѓу христијаните доведува до полесен пристап за развод. Светиот Отец ги повика бискупите да ја преиспитат подготовката на младите парови за брак како и пасторалната грижа за паровите кои живеат во нерегуларни односи, така што „децата да не бидат првите жртви, а додека паровите да не се чувствуваат исклучени од Божјата благодат и заштитата на Црквата“.

На крајот Папата ги потсети дека економската криза поттикнала иселување од Литванија и Естонија, со што тоа довело до растурање на семејното јадро, односно до раздвојување на родителите. Затоа на семејствата од голема важност им е пасторалната грижа од бискупите и свештениците, како и подршката од месните заедници – заклучи Светиот Отец.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.