2015-06-08 09:45:00

Македонија со Папата во Сараево


Два автобуса со околу 100 верници од Македонија во раните утрински часови во петок 5 јуни се упатија кон Сараево на средба со Светиот Отец, кој на 6 јуни престојува во главниот град на Босна и Херцеговина. По повод апостолското патување на Светиот Отец во Сараево учествуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и апстолски егзарх во Македонија  Поклоничката група од Апостолскиот егзархат е предводена од о. Гоце Костов и о. Димитар Ташев, а групата од Скопската бискупија ја предводи дон Давор Топиќ. Во поклоничката група од Македонија има верници од повеќе места и парохии во Македонија.

Поклоничката група од Македонија преку транспарент истакнат на стадионот Кошево го повика Светиот Отец да ја посети Македонија.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.