2015-06-08 09:08:00

Ве молам не го исфрлајте Исус од Папските мисиски дела


Навестувањето на Евангелието е прва и трајна грижа на Црквата, нејзиното важно послание, најголем предизвик и извор на обнова, нејзиното звање. Од евангелизациското послание произлегува вистинската обнова на Црквата, нејзината структура и пасторалните активности – истакна Светиот Отец потсетувајќи на Апостолското Писмо Радоста на Евангелието (Evangelii gaudium): „мисиската активност е парадигма на целата работа на Црквата.“

На перифериите, како што рече Папата, младите Цркви, по целиот свет кои се често сиромашни и се соочуваат со прогони заради верноста на Божјото Слово и одбраната на човекот, Црквата е повикана да излезе на улиците и да оди во пресрет на браќата и сестрите кои немаат сила, светлина и утехата на Исус Христос.

Папските мисиски дела се инструмент на заедништво помеѓу Црквите, кои се остваруваат со луѓе и материјални добра. Во младите Цркви ги поддржуваат семенаристите, свештениците и посветените лица – потсети папата Фрањо, додавајќи дека Евангелието се навестува со молитва, со евангелска храброст и сведочење на блаженствата.

Ве молам внимавајте да не паднете во искушение да не станете како некоја невладина организација, канцеларија за делење на редовна и вонредна помош – рече Папата, додавајќи дека парите помагаат, но можат и да ги упропастат мисиите. Светиот Отец предупреди дека претераниот функционализам може да одведе во пропаст.

„Ве молам со толку планови и програми, од мисиските дела да не го исфрлите Исус“ бидејќи „Црквата која се сведува на ефикасноста на своите структури веќе е мртва“, иако програмите и структурите за „само-вработување“ на клерот и лаиците и понатаму траат. Невозможна е вистинска евангелизација без посветувачката сила на Светиот Дух – порача на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.