2015-05-23 17:17:00

Исусовиот поглед кон мене


Воскреснатиот Исус подготвува јадење за своите ученици, а после јадењето започнува разговор со Петар. Папата рече дека молејќи размислувал за Исусовиот поглед на Петар, додавајќи дека во Евангелието „нашол“ три различни погледи: избор, каење и послание.

На почетокот на Евангелието по Иван среќаваме поглед на восхит кога Андреј оди кај Петар и му вели: Го најдовме Месијата! Исус го гледа Петар и му вели: Ти си Симон, син Јонин. Ти ќе се викаш Петар. Тоа е поглед на восхит и послание. Првиот е поглед на повик и навестување на посланието. А каков е Петар во тој прв поглед? Горд бидејќи може да оди со Господ – рече Светиот Отец и се осврна на ноќта кога Петар три пати го негираше Исус.

Тогаш Петар изгубил сè. Исчезнала неговата љубов; а кога Исусовиот поглед запрел на него, заплакал. Евангелието по Лука вели дека Петар горко заплакал, бидејќи згрешил. Повторниот Исусов поглед го менува срцето на Петар. Првата промена се случила со името и повикот. Исусовиот втор поглед го менува срцето на Петар, се обратил на љубовта – рече Папата и потсети и на средбата по Воскресението. Знаеме дека Исус се сретнал со Петар, тоа го вели Евангелието, но не знаеме што зборувале – рече Папата.

Денешното Евангелие зборува за третиот поглед за потврдата на посланието во кој Исус бара Петар повторно да ја потврди својата љубов кон Него. Исус три пати прашува дали го љуби и го поттикнува да ги пасе Неговите овци. На третото прашање Петар, нажален речиси, плачејќи одговара: Да Господи Ти сè знаеш. Ти знаеш дека Те сакам. Исус одговори: Паси ги моите овци. Тој е третиот поглед, погледот на послание. Првиот поглед е изборот и восхитот; вториот каење заради тешкиот грев, а третиот посланието: Паси ги овците мои! Но, со тоа не завршува – рече Светиот Отец додавајќи:

Исус потоа му вели на Петар: „Сето тоа го правиш од љубов, а потоа? Ќе бидеш крунисан за цар?“ Не. Исус на Петар му навестува дека ќе мора да го следи на Крстниот пат. И ние можеме да размислуваме за тоа како денес Исус нè гледа: со повик, со простување или со послание? На патот по кој одел сите нас нè гледа. Секогаш нè гледа со љубов. Од нас нешто бара, нешто простува и нè задржува – рече Папата и поттикна:

Сега ќе дојде на олтарот. Нека секој размислува: Господи ти си меѓу нас. Упати го својот поглед кон мене и кажи ми што треба да направам, како треба да ги оплакувам своите грешки, своите гревови; како треба да одам напред на патот по кој Ти прв одеше. Би било добро денес повторно да го прочиташ овој разговор со Господ и да размислуваш за „Исусовиот поглед кон мене“ – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.