2015-05-22 14:23:00

Папата: Единство во Црквата и заедништво со Исус


Исусовата големосвештеничка молитва е Црквата да биде обединета, христијаните да бидат едно како што Исус е едно со Отецот. На ова е спротивно „големото искушение“ приклонување на таткото на лагата и поделбата – рече Светиот Отец, размислувајќи за Исусовите зборови на последната вечера кои ги дава денешното Евангелие. Утешително е – додаде Папата – да се слушне Исус како моли за своите ученици и за сите оние кои ќе поверуваат во неговото Слово.

Можеби не посветуваме доволно внимание на Неговите зборови: Исус молеше за мене! Тој е вистински извор на доверба: Он моли за мене“ – рече Папата, објаснувајќи како сликовито го замислува Исус пред Отецот во небото и моли за секој од нас: „А што гледа Отецот?“ – праша и веднаш одговори: Ги гледа Исусовите рани, високата цена која ја плати за нас. „Исус моли за мене со своите рани, со своето рането Срце“ и тоа без прекин – рече папата Фрањо.

Исус моли за единство на Црквата, но знае дека духот на светот е „дух на поделба, војни, завист, љубомора во семејствата, во монашките заедници и во бискупиите; во целата Црква. Тоа – според зборовите на папата Фрањо – е „големо искушение“; дух кој наведува на озборување, етикетирање и означување на лицата.

„Треба да бидеме едно како што Исус и Отецот се едно. Вистински предизвик за сите христијани е да се оневозможат поделби, да не се дозволи духот на поделба, таткото на лагата да влезе меѓу нас. Секогаш барајте единство. Секој од нас е таков каков што  е, но треба да се настојува да се живее во единство. Исус ти прости? Простувај така и ти на сите“ – поттикна Папата и додаде: „На Црквата многу и е потребна молитва за единство.“

Не постои – се пошегува Папата – Црква која ја држи „лепило“ заедно, бидејќи единството за кое Исус моли е „Божја милост“, но и „борба“ за нас на земјата. Другиот Исусов совет на учениците: Останете во Мене“. Треба да се моли за таа милост, а самиот Господ кажува зошто: Оче сакам и оние кои си ми ги дал да бидат каде што сум јас, односно „да бидат со мене“ и „да ја гледат мојата слава“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.