2015-05-13 17:56:00

Синодата не може да ја промени црковната наука за бракот


Епископската синода не може да ја промени црковната наука за бракот и семејството „бидејќи таа е заснована на Христовата наука“ – рече кардинал Џорџ Пел, префект на Секретаријатот за економија, говорејќи на конференцијата одржана со цел поддршка на семејствата кои во Рим овие денови организираа група на про-лајф здружение „Гласот на семејството“.  Притоа истакна дека очекува последната редовна синода за семејството „во голема мера да ја поддржи“ традиционалната наука на Црквата по прашањата како што се причест за разведените и граѓански повторно венчани – пренесува Catholic News Agency .

„Христос е многу јасен за разводот, многу јасен за прељубата“, а „свети Павле изрично ги наведува условите кои се неопходни за правилно примање на причеста“ – рече кардиналот, додавајќи дека делегатите на претстојната синода ќе препознаат дека традицијата на свети Иван Павле II, како и на Бенедикт XVI и Тридентинскиот собор е добро заснована и затоа „не очекува било какво отстапување од тоа.“

Во својот говор кардиналот ја истакна улогата на родителите како први и главни воспитувачи на своите деца, наведувајќи разни социолошки и морални предизвици кои често ги спречуваат родителите на децата ефикасно да им ја пренесат верата, како што е лесниот пристап на неморалните содржини – како што е порнографијата – на интернет. Рече дека сè помал број луѓе стапуваат во брак и дека многу бракови се „уништени“ со порнографијата. Феноменот „sextinga“ и испраќање на сексуално експлицитни слики или пораки – особено е штетен за младите – рече кардинал Пел.

Во коренот на идејата за моралност кои го предизвикале многу од тие социолошки промени стои како што тоа го нарече почесниот папа Бенедикт XVI „диктатурата на релативизмот“. Толеранцијата на различните мислења и ставови е добро, но кога толеранцијата се заснова на уверување дека нема објективна вистина и дека секое кое „не се докажува морално уверение“ подеднакво е валидно, тогаш – како што предупреди кардиналот – се лишуваме од оправдувањето за идејата за човековите права.

Кога родителите ќе станат морални релативисти го губат авторитетот и неопходната основаност на своите деца да им ги пренесат моралните и верските уверувања – објасни австралискиот  кардинал и додаде: Ниеден родител не смее да заборави да ги поучува своите деца дека патот на раст – и лично и во заедницата – се наоѓа во верноста на централната наука на Христос и Црквата.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.