2015-05-08 18:25:00

Бискупот Стојанов го прими деканот Јуришиќ


Бискупот Стојанов му посака добредојде на деканот на Католичкиот богословски факултет, монс. д-р Паве Јуришиќ и му заблагодари за прифаќањето на поканата од провинцијалната настојателка с. Стефанија Георгиева да одржи Духовни вежби за сестрите Евахристинки. Бискупот Стојанов го запозна монс. Јуришиќ за историјата и животот на Црквата во Македонија.

Монс. Јуришиќ искажа благодарност до бискупот Стојанов за братскиот прием, пренесувајќи ги поздравите од врхобосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ. Деканот Јуришиќ го информира бискупот Стојанов за работата на Католичкиот богословски факултет во Сарево, од моментот кога е полноправен дел од Универзитетот во Сараево. Исто така стана збор и за посетата на папата Фрањо на Сараево, 6 јуни, истакнувајќи ја важноста од посета на Босна и Херцеговина, како и за сите луѓе кои ќе присуствуваат на таа средба.

РВ/к.мк/д.Д.Т.








All the contents on this site are copyrighted ©.