2015-05-05 10:30:00

Кардинал Сандри - специјален пратеник на Папата во Ирак


Првата фаза на официјалната посета го опфаќа Багдад, каде кардинал Сандри ќе отслужи Божествена Литургија во калдејската катедрала и ќе оствари средби со бегалци и претставници на црковните институции. Втората фаза го опфаќа градот Ебрил во ирачки Курдистан и на крајот во Анкауа, каде што се наоѓаат бегалци христијани од провинцијата Ниневија, кои принудно ја напуштиле поради нападите на џихадистите од таканаречената Исламска држава.

„Би сакал мојата посета да биде како зрак светлина за една нова иднина за Ирак“, изјави кардиналот Сандри пред да отпатува. „Уште повеќе што во Курдистан ќе биде придружуван од хуманитарните организации на Источната Црква (Roaco). Се надевам нашето присуство ќе донесе надеж за христијанските бегалци. Сигурен сум дека за Ирак ќе настапи нова иднина. Сигурен сум дека постојаните молитви на папата Фрањо, кои ја придружуваат драматичната ситуација, ќе бидат слушнати и ќе престане преселувањето на христијаните во Ирак“.

Кардиналот Сандри наведува дека освен хуманитарната помош е потребна и политичка одговорност на меѓународната заедница: „Потребна е дипломатска и политичка одговорност, особено во случаите предвидени со меѓународното хуманитарно право и активностите за заштита на населението, што се наоѓа во ризични услови. Како што е примерот со италијанскиот и шпанскиот корпус во Либан во близина на израелската граница. Постојат и други форми за запирање на насилството и страдањата, особено над жените и децата, како во Сирија и Ирак. Треба да се направи нешто за да се спречи насилството и поделбите кои уште повеќе носат страдања на овие народи“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.