2015-05-04 20:36:00

Без молитва нема да можеш да направиш ниту еден чекор напред


Секогаш повеќе, верни на својата харизма – е поттикот на Папата упатен на членовите на движењето Курсиљо – „Мал курс по христијанство“ – кои ги прими на прими во аудиенција во салата Павле VI во Ватикан.

Секогаш повеќе, верни на својата харизма – е поттикот на Папата упатен на членовите на движењето Курсиљо – „Мал курс по христијанство“ – кои вчера ги прими во аудиенција во салата Павле VI во Ватикан, по повод третата европска средба на тоа движење и прославата на 50 годишнината откако се присутни во Италија. Курсиљо кој што е основан во 40-те години на минатиот век во Шпанија денес е раширен на сите континенти и вклучува повеќе од 5 милиони луѓе.

Откако ги поздрави 7 000 членови на Курсиљо присутни на аудиенцијата, папата Фрањо симпатично се извини што средбата со нив – предвидена за утрешниот ден – мораше да се премести ден порано.

„Дојде до забуна! Вие знаете дека Папата е непогрешлив кога прогласува догма, што и го прави, но ретко... Но и Папата има свои недостатоци, а во неговите недостатоци непогрешливоста не влегува! А овој Папа малку е збунет и недисциплиниран...“

Зборувајќи за основачите на Курсиљо, Папата го истакна примерот на Едуардо Бонина Агуила и епископ Хуан Хервеса и Бенето: Биле автентични мисионери – не се двоумеле да преземат иницијатива, храбро да се приближат на луѓето со сочувство и да ги следат во почитта и љубовта на нивниот пат на верата. „Тоа е важно: сочувство, следење... Во вашето движење, вие не вршевте прозелитизам! И тоа е крепост“ – додаде Папата.

Затоа ги поттикна членовите на Курсиљо да не се изморуваат да излегуваат во пресрет на оние кои се „далечни“. Но, за да му помогнеме на ближниот да расте во верата – рече папата Фрањо – потребно е прво да ја искусиме Божјата добрина и нежност. „Он не бара ништо за возврат, бара единствено да го прифатиме, бидејќи Божјата љубов е бесплатна, чист дар“ – рече Светиот Отец.

Всушност силната желба на членовите на Курсиљо за Божјото пријателство помогнала на илјадници луѓе од целиот свет да растат во верскиот живот – истакна Папата. „Во денешниот контекст на анонимност и изолација кој е типичен за нашите градови, колку е важна пријателската, семејната димензија по човечка мерка која вие ја нудите на средбите на групите.“

Меѓутоа – додаде Папата – не е доволно да се остане „во мали групи“ туку треба да се отвориш за поголема општествена и црковна димензија“. Убаво е да се помага на сите – и на оние кои се најмногу се обидуваат да ја живеат својата вера – секогаш да останат во допир со мајката Црква.

„Ова веќе сте го слушнале, сум го кажал неколку пати. Во големите градови, христијанските градови, но и во христијанските семејства има деца кои не знаат да се прекрстат. Таа поганизација на општеството нè повикува: направете нешто за евангелизација“ – поттикна Светиот Отец и предупреди:

Ако не се довериш на Светиот Дух, врати се дома – и како што рече – оди барај некоја друга религија, повеќе гностичка, повеќе идеолошка. Исус ни го вети Светиот Дух кој нè потсетува на Исусовата наука и нè поучува што треба да правиме. Затоа да се довериш на Светиот Дух е нешто што изненадува! Затоа е важна молитвата, за да ги разликуваме новостите на Светиот Дух од новостите кои нè  одделуваат од харизмата. „Без молитва нема да можеш да направиш ниту еден чекор напред“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.