2015-04-29 09:56:00

Папата испрати помош за Непал


Преку Папаскиот совет „Кор Унум“ Светиот Отец ја испрати првата финансиска помош од 100 илјади долари за помош на населението во Непал, погодено од катастрофалниот земјотрес. Според последните, неконечни податоци, бројот на жртвите надминува 5 илјади, а се повредените над 10 илјади.

Сумата ќе биде испратена на локалната Црква, која учествува во хуманитарни активности за лицата кои останаа без своите домови и бегалците. Помошта е непосреден и конкретен израз на чувствата и духовната близина на Светиот Отец, како и татковско охрабрување кон погодените од земјотресот на кои на 26 април има ја гарантира својата молитва, стои во соопштението од Ватикан. Епископските конференции и хуманитарните организации на Католичката црква активно учествуваат во акциите за спасување.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.