2015-04-23 11:17:00

Торинското платно повторно изложено за јавноста


На светата Миса со која започна овој период, Торинскиот надбискуп монс. Чезаре Носиља рече дека Торинското платно е спомен на Божјата љубов изразена во нашиот живот. „Најголема љубов“ е мотото на овогодинашното изложување, за кое папата Фрањо ќе го посети Торино на 21 јуни.

Токму со папата Фрањо ќе разбереме – рече на светата Миса надбискупот Носиља, папскиот чувар на Торинското платно – дека ние не го гледаме тоа лице, туку ќе почувствуваме дека тоа нас нѐ гледа, и ќе почувствуваме дека сме повикани да не преминуваме преку многу страдања кои се околу нас и во целиот свет.

Да напомениме на крајот дека посетата на светото платно веќе започна во попладневните часови на 19 април; пристапот е бесплатен и ќе биде отворен за сите со задолжителна резервација. Веќе имаат резервирано повеќе од еден милион посетители.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.