2015-04-18 17:00:00

Папата ќе ги посети Еквадор, Боливија и Парагвај


Канцеларијата за печат при Светиот Престол во четврток 16 арпил објави дека папата Фрањо во првата половина од месец јули ќе ги посети Еквадор, Боливија и Парагвај. „Прифаќајки го повикот на државниците и епископите“ – стои во соопштението на Канцеларијата за печат – Папата за време на апостолското патување од 6-8 јули ќе престојува во Еквадор, во Боливија од 8-10 јули, а во Парагвај оод 10-12 јули. Наскоро ќе биде објавена и програмата за посетата на тие земји

Во петок 17 април пак директорот на Канцекаријата за печат, о. Федерико Ломбарди, на прашање за можна посета на Куба при посетата на САД во септември оваа година, рече дека „Светиот Отец ја разгледа идејата“, но „контактите со властите на таа земја уште се во тек“ за да може „да се каже за конечната одлука“.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.