2015-04-17 11:03:00

Кој го мрази дијалогот не го слуша Божјиот глас


Кој не знае да разговара не го слуша Бог, а сака да ги замолчи оние кои ја навестуваат Божјата новост – рече Светиот Отец на светата Литургија на 16 април во капелата на домот Света Марта. Денешната Литургија зборува за послушноста. Послушноста често нè води по патот низ кој не сме мислеле да одиме. Да слушаш значи да бидеш храбар, па да го смениш патот кога Бог тоа од нас го бара. Оној кој слуша има живот вечен, а Божјиот гнев останува на оној кој не слуша – рече папата Фрањо.

Во првото литургиско читање земено од Делата Апостолски свештениците и поглаварите им наредуваат на Исусовите ученици да не му го навестуваат повеќе Евангелието на народот: се лутат, завидливи се, бидејќи во нивното присуство се случуваат чуда; народот ги следи учениците и расте бројот на верниците. Ги затвораат Исусовите ученици, но Божјиот ангел ноќта ги ослободува и тие повторно го навестуваат Евангелието. Кога ги испитувале, Петар на заканата на врховниот свештеник одговорил дека „треба да го слуша Бог, а не луѓето“. Тие не го сфаќале неговиот одговор – рече Папата, додавајќи:

А биле учени: ја познавале историјата на народот, пророштвата и законот, ја познавале целата теологија на израелскиот народ, знаеле сè, но не биле способни да ги препознаат знаците на Божјото спасение. Од каде толку тврдокорност, бидејќи не може да се каже за едноставна тврдоглавост. А може пак да се прашува: кој е текот на таа упорност на срцето и на умот? – рече Папата.

Историјата на тврдокорноста односно нејзиниот тек е затворање во себе, избегнување на разговор, негирање на дијалогот. Тие учители не знаеле да разговараат со Бог, не знаеле да молат ниту го слушале Божјиот глас, а ниту со другите знаеле да разговараат. Умееле да го толкуваат законот, а биле неспособни да ги препознаат Божјите знаци, биле затворени во себе. Затвореноста им пречела за да го слушаат Бог. Нивната драма била во тоа, бидејќи не знаеле да слушаат, не знаеле да разговараат, а треба да се разговара со Бог и со луѓето – истакна папата Фрањо.

Ако некој не разговара тоа значи дека сака да ги замолчи оние кои ја навестуваат Божјата новост. Показател дека некој човек не знае да води дијалог, дека не знае да го слуша Божјиот глас, ниту да ги препознае знаците кои Бог ги прави во народот е бесот и желбата да ја затвори устата на сите оние кои ја навестуваат, како што вели литургиското читање, Божјата новост, односно Воскреснатиот Исус. Таквите не сфаќаат, не успеваат да ги сфатат Божјите знаци. Тој е болен пат – рече Папата, додавајќи:

Тие се истите оние кои ги подмитиле чуварите на гробот да кажат дека апостолите го украле Исусовото Тело. Тие прават сè за да не го слушаат Божјиот глас. На ова Литургија молиме за учителите, за оние кои го поучуваат Божјиот народ да не се затвораат, да разговараат менувајќи го своето однесување за да ги одмине Божјиот гнев – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.