2015-04-16 09:39:00

Папата: Поголема улога на жената во општеството и Црквата


Наместо да биде решение за проблемите во односите помеѓу мажите и жените, родната или „gender“ теоријата би можела да биде чекор назад – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 15 април одржана на плоштадот Свети Петар во присуство на околу 50 000 луѓе. Папата меѓу останатото истакна дека мажот и жената ги создаде Бог и тоа двајцата со еднакво достоинство и со карактеристики кои се надополнуваат.

Денешната катехеза посветена е на централната тема – семејството: тема за големиот дар кој Бог го подарил на човештвото со создавањето на човекот – маж и жена – како и во институцијата на светата Тајна брак. Ова катехеза како и следната се однесува на разликите и наполнувањата помеѓу мажот и жената кои се врвот на Божјото создавање – рече на почетокот Светиот Отец и кратко се осврна на извештајот од Книгата Битие. Овде читаме како Бог откако ја создал вселената и сите живи битија, го создал и своето ремек дело – човекот – го создал на сопствена слика: според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде (1Мој 1,27).

Како што знаеме половата различност во долгиот ланец на живи битија е присутна во сите облици на живот – рече Папата и истакна дека сепак единствено кај мажот и жената тие во себе ја носат сликата и сличноста со Бог. Библискиот текст тоа го повторува три пати и само во два реда (1Мој 1, 26-27)! Мажот и жената се слика Божја, слични на Бог. Тоа ни зборува дека не е само мажот за себе слика Божја; ниту само жената за себе е слика Божја, туку и мажот и жената – како пар – исто така се слика Божја.

Разликата помеѓу мажот и жената не е спротивноста или покорноста, туку заедништвото и раѓањето секогаш на слика и прилика Божја – рече Папата и додаде дека на тоа нè учи и искуството: добро да се запознае себе си и хармонично да расте човечкото битие му е потребна взаемноста на мажот и жената. Кога тоа недостасува се гледат последиците. Создадени сме за меѓусебно слушање и помагање. Може да се каже дека без взаемно збогатување во тој однос – во размислувањето и делувањето во чувствата и работата како и во верата – мажот и жената не можат потполно да сфатат што значи да бидеш маж и жена.

Современата култура отвори нови простори, нова слобода и нови длабочини за потполно разбирање на ова разлика. Сепак, отвори исто така и многу сомнежи и скептицизам. Се прашувам на пример дали така наречената родна или гендер теорија е всушност израз на фрустрација и резигнација, бидејќи половата различност настојува да ја уништи, поради што со неа повеќе не успева да се носи. Така би можеле да направиме чекор назад – предупреди Светиот Отец. Отстранувањето на разликите е проблем, а не решение.

За решавање на проблемите во својот однос мажот и жената треба повеќе да разговараат еден со друг; повеќе да се слушат; подобро да се познаваат и повеќе да се сакаат. Треба еден кон друг да се однесуваат со почит и пријателски да соработуваат. На тие човечки темели поддржани со Божјата милост можно е – според зборовите на Папата – да се заснова брачно и семејно заедништво за цел живот. Брачната и семејната врска е сериозна работа и тоа важи за сите луѓе, не само за верниците – истакна папата Фрањо и ги поттикна интелектуалците да не ја занемарат оава тема како да станала споредна во заземањето за послободно и поправедно општество.

Бог на земјата го доверил сојузот на мажот и жената: неговиот неуспех го прави светот неплоден за чувства и го затемнува хоризонтот на надежта. Знаците за тоа се веќе видливи и загрижувачки – рече Светиот Отец и меѓу другото предупреди на две работи за кои треба брзо да се заземеме.

Првата: - рече Папата – ако сакаме да ја зацврстиме взаемноста помеѓу мажот и жената без сомнеж треба многу повеќе да направиме за жената. Потребно е жената да не биде само внимателно слушана, туку и нејзиниот глас да добие на тежина; да и се признае важноста во општеството и во Црквата. Начинот на кој Исус ја сфаќал жената (која во тоа време навистина била на второ место) и во понеповолни можности од овие нашите, силно осветлува долг пат, кој сме го поминале само во еден мал дел. Сеуште потполно не сме сфатиле што може да ни даде женскиот гениј; работи кои жената може да ги даде на општеството, а и на нас; која знае да ги виде работите со други очи што го надополнува машкиот начин на мислење. Тоа е патот кој треба да го поминеме со повеќе смелост и креативност – рече Папата.

Второто размислување се однесува на темата мажот и жената создадени на образот Божји. Се прашувам – рече Светиот Отец – нели е општа криза на верата во Бог која толку ни штети и која нè доведува до препуштање на невера и цинизамот поврзани со кризата на сојузот помеѓу мажот и жената. Библскиот извештај со живописна симболика на земскиот рај и источниот грев, всушност ни зборува дека заедништвото со Бог се гледа во заедништвото на човечкиот пар и дека губењето на верата во небесниот Отец доведува до поделби и конфликти помеѓу мажот и жената.

Одтука произлегува и големата одговорност на Црквата, на сите верници, а посебно на семејствата верници: повторно да ја откријат убавината на планот за создавање кој Божјата слика ја втиснува исто така и во сојузот меѓу мажот и жената (бракот) – истакна папапата Фрањо. Земјата се исполнува со слога и доверба кога (тој) сојуз на мажот и жената се живее во добро. Ако мажот и жената го бараат меѓусебно и во заедништво со Бог, тогаш без сомнеж го наоѓаат. Исус отворено нè поттикнува на сведочења на таа убавина која е слика Божја – рече на крајот Светиот Отец.

Во поздравите на различните групи на верници и поклоници од Италија и странство и поделувајќи им го на собраните верници и на нивните семејства својот апостолски благослов, папата Фрањо не ги заборави младите, болните и нововенчатите парови: ве поттикнувам во воскресното време да бидете вистински сведоци на воскресението во своите семејства и во своето животно опкружување: драги млади (посебно вие студентите од училиштето Света Елизабета Римска) сетете се дека милосрдието е најубавиот Божји дар; драги болни дозволете да ве утеши Отецот небесен; а вие драги нововенчани парови живејте ја својата љубов наследувајќи ја милосрдната љубов Исусова.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.